Петар Печков
Објавено: вторник, 05 август 2025
Вчеравечер пожар зафати прехранбен капацитет, лоциран во индустирискиот дел на Велес. Пожарникарите и другите активирани во локализирањето, го гаснеле огнот шет часа. Деталите од информацијата на Центарот за управување со кризи.
„Според информациите добиени од СВР Велес и ТППЕ Велес, пожарот во фабриката за прехранбени производи ДПТУ „Мирана“ ДООЕЛ во Велес, кој бил пријавен во ТППЕ Велес во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот на 04.08.2025 година, е локализиран во 04:00 часот на 05.08.2025 година.
Сѐ уште има слаби чадења на одредени места во фабриката, а за да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се сѐ уште присутни на терен.
Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали)“ – соопштија од ЦУК.
Во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени, точниот број пожарникари не е прецизиран од страна на дежурниот, едно возило од ЈКП „Дервен“, две специјални пренаменети возила на ДЗС,присутни биле и шеест полициски службеници од СВР Велес, информираа од ЦУК.
Од службата за Итна помош соопштија дека не примиле повик за нивна интервенција.