Петар Печков
Објавено: недела, 27 јули 2025
Автомобил излетал од регионалниот пат Велес- Градско, кај скривниците, после Стар мост, и звршил на пругата Велес- Гевгелија. Во сообраќајката повредени се две лица, мајка и ќерка, девојчето е со тешки повреди.
„На 26.07.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 16.20 часот на ул.„Димко Најдов“ во Велес, патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 48-годишната Р.Т. од Велес, излетало надвор од патот“ – соопштија од СВР Велес.
Повредените лица од автомобилот, ги извадиле велешките пожарникари.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Т. и нејзината ќерка, 11-годишна сопатничка од Велес, констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес.
„Саботата во попладневните часови донесени се две пациентки повредни во сообраќајка. По извршени снимања кај 11- годишното девојче констатирана е тешка телесна повреда, скршеница на бутна коска. Поради сериозноста на повредата транспортирана е на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Кај жената биле констатирани лесни повреди на колк и таа е задржана на хирургија“ – соошти д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
До извлекувањето на автомобилот од пругата, железничкиот сообраќај на линијата Велес- Гевгелија, неколку часа беше во прекин.
Од ОЈО Велес додаваат дека возилото е упатено на вонреден технички преглед. Додека анализите на крв и урина покажале дека кај воачот, нема присуство на алкохол.