Вработен во угостителски објект нападнат од колегите, посетителка на верски објект пријавила дека е нападната од вработен

Петар Печков

Гостинка во верски објект, после погреб пријавила дека е нападната од вработен, кој пак пријавил дека потоа е нападнат од две други лица. Угостител пријавил дека четворица колеги физички го нападнале додека бил на работа на објект на езеро Младост.  

„На 10.08.2025 во 18:30 часот, во СВР Велес, С.Р.(37 год) од Велес, пријави дека додека бил на работа во угостителски објект во Велес, бил физички нападнат од неговите колеги Д.Д.(38 год), Т.А.(45 год), С.С.(50 год) и Т.Б.(38 год), сите од Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

По документирање на настанот, против нив напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

„На 10.08.2025, во СВР Велес било пријавено дека околу 15:30 часот во дворот на верски објект во Велес, Д.Б.(79 год) од Велес, вработен во објектот, по кратка расправија, физички ја нападнал Н.Р.(66 год) од Велес, а потоа Д.Б. бил физички нападнат од И.Л.(66 год) и С.Л.(34 год),  двајцата од Велес“ – информираа Ѓаковска.

По документирање на настанот против Д.Б., И.Л. и С.Л. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати