Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јули 2025
Утрово автомобил излетал од регионален пат, возчот се здобил со повреди, на глава. Задржан е на лекување во велешка болница.
„На 24.07.2025 во СВР Велес е пријавено дека околу 5,00 часот, на регионалниот пат Езеро Младост-Велес, после крстосница од село Отовица кон Велес, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Н.(45 год) од Велес, излетало надвор од коловозот“ – соопштија од СВР Велес.
Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.
„Утрово беше донесен пациент, констатирани повреди на глава. Останат е на лекување во велешка болница“ – кажа др- Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.
Патниот сообраќај за време на вршење на увидот бил во прекин во периодот од 05.25 часот до 07.05 часот, по што бил нормализиран.
фото интернет