Лица кои вршеле ископ на песок од Вардар кај Ногаевци, агресивно се однесувале кон полицајците при контролата

Петар Печков

Уапсени две лица, кои вршеле ископ на песок на Вардар кај Ногаевци, оти се однесувале агресивно кон полицајците.  Возилата биле упатени да се контролира која тежина пренесувале. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 22.07.2025 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.О.(44 год) и А.О.(43 год), двајцата од село Долно Коњаре, скопско. Претходно, во атар на село Ногаевци, општина Градско, полициски службеник ги затекнал двајцата со два товарни возила, сопственост на правни лица, при вршење ископ на песок од речното корито на реката Вардар, по што по наредба на јавен обвинител биле упатени на мерење во терминал. Притоа, М.О. и А.О. агресивно се однесувале кон полициските службеници и ги попречувале во извршувањето на службените задачи“ – соопштија до СВР Велес.


Лицата  биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 фото архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати