Петар Печков
Објавено: сабота, 09 август 2025
Вчеравечер, петок во рекреативниот дом за пензионери во Богомила, се случил инцидент, откако непознати лица/лице фрлило петарда во една од собите. Тоа предизвикало оган, кој бил локализиран од гостите, но и вознемиреност.
„Во центарот имаше девет возрасни гости, кои се подготвувале за спиење. Тие не знаеле дека има пожар, по фрлената петарда, ако не дошла некоја женичка од соседството. Така дознале па го гаснеле огнот. Беа преплашени кога отидовме. Повредени нема“ – кажа Веле Алексовски претседател на Здружението на пензионери од Велес, во чии рамки работи овој центар.
Тој мисли дека петардата е фрлена со намера.
Велешката полиција со детали за настанот.
„На 8-ми август околу 22:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во рекреативен дом во село Богомила, преку отворен прозор во една од собите била фрлена петарда од која настанал пожар во собата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од гостите во домот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.