Тројца крадци украле сеф со пари и злато во Кавадарци

Петар Печков

Ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, во полициска акција на ОВР Кавадарци, биел уапсени три лица, за кои постоеле докази дека се сторители на тешка кражба. При тоа од дом на кавaдaрчанeц биле одземени сеф со пари и злато.

„На 21/22 јули во периодот од 23.05 до 02.40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Б.К.(49 год), В.Ј.(37 год) и Г.Н.(38 год), сите од Кавадарци, поради сомнение дека извршиле кривично дело „тешка кражба“. Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во домот на 33-годишен маж од Кавадарци и одзеле сеф со пари и златен накит. При преглед кај нив се пронајдени и одземени поголем дел од парите и предметите и истите ќе бидат вратени на сопственикот“ – соопштија од СВР Велес. 

Трите  лица  се задржани во полициска станица, известен бил  јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати