Автомобилот бмв управувано од 16 годишник, со двајца малолетници излетале од пат, помеѓу Бузалково и Раштани

Петар Печков

Сообраќајка кој се случила во средата вечер, помеѓу Бузалково и Раштани, три деца повредени, едно со тешки телесни повреди. Настанот се поклопува со време и учесници, во нападот на медицинската сестра истата вечер. 

„На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од  Бузалково кон Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Бузалково, излетало надвор од коловозот“ – соопштија од СВР Велес. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес.

„Пациентот имаше повреди на рбет, беа извршени потребните снимања, дадена неопходна здравствена помош. Во текот на вчершниот ден е пуштен дома“ – кажа д-р Вано Граматов, портпарол на велешка болница.

За потсетување во средата околу 22,30ч. е пријавено дека две лица од Бузалково, во Општа болница Велес нападнале медицинска сестра која била на работа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати