Петар Печков
Објавено: понеделник, 23 јуни 2025
Тројцата велешани кои при крај на ноември лани, беа уапсени откако поседувале кокаин, ја признале вината и судија од Основен суд Велес им изрекол затворски казни. С.Т (50 год) и (Д.С. 44 год) и (Р.С.34 год) за помагање при сторување на кривичното дело. Сите тројца се од Велес .Нив им се судеше за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
По предметот е донесена пресуда од 09.05.2025 година по признание на вина од страна на обвинетите, каде обвинетиот С.Т. е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 5 (пет) години, а обвинетите Р.С и Д.С. се огласени за виновни и осудени на казна затвор во траење од по 3 (три) години.
Според обвинението С.Т. во неговата куќа на улицата “Петар Алчев” (на кривините кон Којник), преработувал наркотична дрога кокаин и тоа од чист кокаин во крек кокаин. Во тоа со умисла му помагале Р.С 33- и Д.С. 44 години, кои престојувале во неговиот дом, така што му ставиле на располагање средства за извршување на делото. При претрес во куќата биле пронајдени 994,8 грама чист кокаин.
Пред некој ден ОЈО Велес објави дека во текот на постаптката С.Т како купувач на ова количество кокаин 994 грама, кажал дека го набавил од А.В. (53 год) по што тој заврши во притвор, а обвинителството отвори истрага.
Против пресудата од страна на бранителите на обвинетите се вложени жалби. Мерката притвор за обвинетите е продолжена и ќе трае до правосилноста на пресудата. Пресудата не е правосилна.