Петар Печков
Објавено: среда, 18 јуни 2025
Младо момче од Велес, пријавило дека под закана и уцена му биле барани пари, а го предал автомобилот, го продал телефонот, но останале за доплата уште пари до бараните 20 илјади евра. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 17.06.2025 во 22.30 часот во СВР Велес, 21-годишник од Велес пријави дека О.Ф. од Скопје, С.Н. и уште едно лице му се заканувале нему и на неговото семејство и му барале 20.000 евра. Според пријавеното, додека бил во угостителски објект во Велес, дошле лицата, при што О.Ф. му се заканил дека ќе му наштети на неговото семејство, доколку не му даде 20.000 евра. Пријавителот на О.Ф. му ги понудил неговото возило и мобилниот телефон, а останатата сума на пари да му ја додаде по неколку дена, на што О.Ф. се согласил, на нотар направиле договор за возилото, а од продажбата на телефонот му ги дал парите, додека за останатата сума ќе почекал неколку денови. Според пријавеното, откако стигнал дома, по неколку часа тројцата дошле пред неговиот дом и тропале на влезната врата, при што О.Ф. имал пиштол во рацете“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.