Претреси во домови на четворица велешани, истрага за продажба на дрога

Петар Печков

Акција на полицијата во домови на четворица велешани, поради сомение за учество во продажба на дрога. При претресите бил пронајден кокаин, пари –евра. Првична информација од МВР.

„Како дел од истрагата, со наредби од Основен суд Велес, беа извршени претреси на повеќе локации во Велес и велешко. Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53 год) во Велес, во куќата. станот и викенд куќата на лицето С.С.(47 год) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29 год) во Велес и во станот на В.Л.(41 год) во Велес.  За време на претресите биле пронајдени и одземени кокаин, околу 37.000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“ – соопштија од МВР. 

Во текот на денот СВР Велес ќе поднесе кривична пријава против уште едно лице по член 215 од Кривичниот законик- Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акцијата на Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес била  во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес.  Заедничката и координирана истрага била против лица за кои постоеле  информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29.11.2024 и за кој СВР Велес поднесе кривична пријава против три лица. 

 фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати