Истрага и притвор за лицето кое беше уапсено при претрес за продажба на кокаин

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес донело  Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, А.В. (53 год) од Велес,  за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 29 ноември 2024 година, неовластено продал 994,8 грама кокаин на лице од Велес. Дрогата се договориле да му ја продаде за 50.000 евра, од кои околу половина од сумата купувачот-сведок оставил на договорена локација пред преземањето на пратката. со дополнителни дејствија се утврди идентитетот и на лицето кое првично ја продало дрогата “ – соопштија од ОЈО Велес. 

Кокаинот тогаш беше откриен при истрага и претрес во куќа на улицата “Петар Алчев” во Велес, каде се утврди дека еден осомничен преработувал наркотична дрога кокаин и тоа од чист кокаин во крек кокаин, а уште две лица во тоа му помагале. Против тие осомничени веќе е изречена првостепена осудителна пресуда.

По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес донесе решение со кое на осомничениот А. В. (53 год)  му определи мерка притвор.

Вчера МВР соопшти дека е реализирана акција во која при претрага во домови на четворица велешани пронашла пари, кокаин и други предмети за кои се сомневаат дека  потекнуваат од кривично дело. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати