Инцидент кај Железен мост, нападнато дете, полицијата пукала за напаѓачот да се предаде

Петар Печков

Родител  пријавил дека е нападната неговата малолетна ќерка, сторителот не го сопреле ниту четири испукани куршуми во воздух, и побегнал. Деталите за настанот кој вчера, петок попладне се случил кај  Сточното пазариште, близу Железен мост, од велешката полиција. 

„На 13 јуни околу 18.00 часот, во СВР Велес, Е.Х.(25 год) од Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23 год) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27- годишна сопруга дошла на местото на настанот, тој и кон неа упатил закани. Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи остри предмети, му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите. С.У. повторно се оглушил на наредбата, продолжил да се движи кон полициските службеници,па бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство. Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. во бегство го фрлил и другиот предмет“ –соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Предметите на напаѓачот биле пронајдени и одземени, за настанот бил известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати