Пронајдено е телото на девојчето Теодора, за која шест дена се трагаше по Вардар

Петар Печков

На пладне, на околу 6,5 км низводно од селото Уланци е пронајдено телото на 16 годишната Теодора Б. која изчезна во водите на,реката Вардар,четвртокот 24 јули, околу 16,30ч.                                                  

"На 29.07.2025 во 12.10 часот во водите на реката Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во реката Вардар во атар на село во општина Градско" - информира Биљана Ѓаковска,  портпарол на СВР Велес. 

Од ОЈО Велес соопштија, дека телото било дадено на обдукција.                                                                     

Критичниот ден, по желба на Теодора која претходниот ден славела роденден, заминала со друштво на бањање на Вардар.  Со неа во водaта била 29 годишна девојка, со која заедно се капеле.  Теодора  почнала да пропаѓа во водата, девојката во два наврати ја вадела, но не успеала да ја спаси. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати