По пет години затвор за обвинетите за пожарот на езеро Младост и парична казна за правното лице

Петар Печков

По пет години затвор добија обвинетите за пожарот на езеро Младост,  кој се случи на 26 август 2019 година.

Во Основен суд Велес  попладневно беше соопштена одлуката со која се прогласуваат за виновни Тасе Илиевски (61), Марјан Ангелов (58) и фирмата „Реал градба“ кои беа обвинети за кривичното дело  Тешки дела против општата сигурност.

Правното лице Реал градба е осудено на парична казна од 300.000 денари.

Според  обвинението не биле почитувани законите, прописите и техничките правила за заштита при работа. Адвокатите на обвинетите најавија жалба на пресудата. Оштетените се препраќаат на граѓански спор.

Изречената затворска казна од пет години е максимална предвидена, за делото за кое обвинетите се гонеа. 

Завршните зборови од случајот, можете да ги прочитате на следниот линк 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати