Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јули 2025
Вчера утро на детското одделение од велешка болница, било донесено бебе, кое било веќе починато. Напорите на докториет биле без успех за реанимација.
„На 23.07.2025 во 08.30 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес е пријавено дека на детското одделение било донесено починато деветмесечно бебе од село Сливник, велешко. Тоа од претходно било со здравствени проблеми“ – соопштија од СВР Велес.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство.
„Примено било бебе, без знаци на живот. Интервенирале во повеќе обиди со реанимација анесезиолог и педијатар, која била неуспешна. Родителите кажале дека детето имало операативни зафти“ - рече д-р Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.
По наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.