Градскиот парк уште недограден, уништен

Петар Печков

 Во текот на ноќта помеѓу 22 и 23 јануари од градскиот парк украдени се 30-тина  зимзелени и листопадни садници. Следната ноќ уништена е водоводната инсталација чија намена е да ја полева оваа зелена површина. Вкупната штета од овој вандализам се проценува на повеќе од 45.000 денари. Случајот ЈКП Дервен го пријавил во полиција.

Како по навика секој новитет во градскиот парк мора да се судри со деструктивната природа на оние чии афинитети не се вклопуваат во нормалното секојдневие. За жал, градскиот парк континуирано трпи вандализам. Меѓу последните чинови на уништување на градското зеленило и урбаната опрема беа уништувањето на заштитната ограда, урбаната опрема, потоа уништувањето на фонтаната „Снежана“ заедно со парковските клупи и корпи за само неколку дена по нивното реновирање – велат од ЈКП Дервен.

Тие континуираното се судруваат со крадење на цветните насади од главните градски улици. Лани од централното градско подрачје биле украдени 55 пластични корпи за отпад.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати