Петар Печков
Објавено: петок, 27 јуни 2025
Автомобил излетал од патот кај Шорка, момчето помина со тешки телесни повреди, поради кои е пренесено на клиниките во Скопје. Деталите од информацијата од велешка полиција и болница.
„На 26.06.2025 околу 23 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(21 год) од Велес, излетало надвор од коловозот“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници А.Д.(20 год), Ш.Р.(19 год) и уште една малолетна сопатничка, сите од Велес, констатирани во Општата болница Велес.
„По извршение снимања, кај повредениот пациент е констатирана фрактура на череп, поради што е пренесен на клиниките во Скопје. Другите тројца патници минале со лесни повреди“ – кажа д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Вчера, четврток уште една сообраќајка, на странски државјани на автопат Табановце – Богородица, овој пат близу Неготино. Патник се здобил со тешки телесни повреди.
„На 26.06.2025 во 09.30 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Неготино- Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П.(56 год) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.П.(61 год), а со телесни повреди се здобила Т.П. и 17-годишен сопатник, сите од Р.Србија, констатирани во Општата болница Кавадарци“ – додаде Ѓаковска.