Велешанка на тротинет, со тешки повреди се здобила по удар од автомобил во Скопје

Петар Печков

Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55 год) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24 год) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

На 02.07.2025 во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.А.(44) од Велес, поради основано сомнение дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес, турнал 38-годишна жена од Велес и и ја одзел ташната, во која имало пари. Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката. Н.А. е приведен во полициска станица,

На 02.07.2025 во 21 часот, полициски службеници од СВР Велес, го приведоа Н.Т.(29) од Велес, кој бил баран со потерница по судска наредба, за издржување казна затвор во Казнено поправна установа Затвор Идризово-Скопје, во траење од две години и три месеци, за сторено кривично дело „неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од КЗ . Лицето е спроведено во установата за издржување на казната.

На 03.07.2025 во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко. На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта. В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати