Петар Печков
Објавено: среда, 13 август 2025
Велешанец е уапсен вчера утро, вторник, од полицијата бидејќи бил баран за издржување казна затвор. Деталите од велешката полиција.
„На 12 август во 08:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле С.Б.(44 год ) од Велес, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
фото: итнернет