14 годишно дете тешко повредено во судар на два мопеди

Петар Печков

Во судар на два мопеди, едно дете е тешко повредено и префрлено на Клинички во Скопје. Деталите од информцијата на СВР Велес, службата за Итна помош и Велешка болница.

„На 20.04.2025 во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Раштански пат“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник и мопед „шинерај“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот „јамаха“, констатирани во болницата во Велес.

„Неделата во 13,20ч. примен е повик за потреба од интервенција на дежурната екипа. На лице место е затекнато  дете на 14 годишна врозраст со отворена повреда на глава и повреда на колено. Дадена неопходна терапија и пренесено на Ургентен во велешка болница“ – кажа др- Василка Пановска началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравстен дом Велес.

Сообраќајката се случила на патот пред зградата на Атлантис, кај Киро Ќучук.

„Примен е пациент недела околу 14ч. кој се здобил со тешки телесни повреди на глава. После направените потребни иследувања во стабилна состојба е препратен на Универзитетска клиника за Неврохирургија,каде е задржан на натамошен третман“ – соопшти  д-р Биљана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

По извршениот увид на местото на сообраќајката, зиврешна од екипа на СВР Велес, треба да се откријат причините за инцидентот.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати