Исчезнатиот велешанец, планинар е пронајден починат кај Антените на Гроот

Петар Печков

Велешанецот Стојче Пецевски е пронајден починат, откако вчеравечер неговата сопруга го пријавила за изчезнат. Неговто тело е пронајдено околу пладне, близу местото викано Антените на Гроот.

„На 13.04.2025 во 21.15 часот во Полициска станица Велес, А.П.(56 год) од Велес пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.П.(61 год). Според пријавеното, С.П. утрото излегол на планинарење и до моментот на пријавување не се вратил“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

По интензивна потрага што започна синоќа, денеска таа  заврши трагично по Пецевски, кој исчезна на ридот Гроот, во близина на Велес. Надлежните институции потврдија дека Пецевски е пронајден починат.

Информацијата ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој изјави дека моментално нема детали за причините за смртта.

„За жал лицето е пронајдено починато. Немаме информации за причините на смртта. Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели. Утрово немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР“ – кажа  Ангелов.

Телото на починатито планианр по барање на ОЈО Велес, ќе биде дадено на обдукција, за да се откријат причините за смртта.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати