Полицаец кој не бил на должност пијан удрил во бандера, во Кавадарци

Петар Печков

Вчера во 2 часот по полноќ полицијата од Кавадарци го уапсила 25-годишниот В.С. од Росоман на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Имено тој со неговото возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци.

„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ - соопшти МВР.

Информацијата дека  лицето е полициски службеник,   ја потврдиле и од СВР Велес.

„Лишеното лице В.С. е полициски службеник кој не бил на должност. И за него како и за сите други важат законските правила и прописи“ информиpаат  од СВР Велес.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати