Изгореле 30 хектари, помеѓу Оризари и Клуковец

Петар Печков

Велешките пожарникари  во неделата напладне  интервенирале на пожар, кој зафатил површина од 30 хектари, во близина на Горно Оризари.  Деталите од информацијата на Територијалната противпожарна единица од Велес.

„На ден 6 јули  во 12:20 примена е дојава за настанат пожар во блок помеѓу селата Оризари и Клуковец. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно  противожарно возило и 5 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот беше во развиена фаза на површина околу 30 хектари и истиот е изгаснат“ – соопштија од ТППЕ Велес.

Површината опфаќала деградирани зимзелени грмушки, нискостеблеста шума, сува трева. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати