Лишен од слобода крадец во Велес, кај него пронајдена и дрога

Петар Печков

Радовишанец за четири часа извршил четири кражби, кај повозрасната  популација. Полицијата го уапсила, парите и укpаденото пронајднени кај осомничениот. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 12.07.2025 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.А.(26 год) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил неколку кражби во Велес, односно од дом на 70-годишната С.С., одзел два мобилни телефони, од домот на 81- годишната П.С. еден мобилен телефон, од Љ.Љ.(68 год), додека бил во бифе, паричник со пари и од 46-годишната Н.К., додека била на работа во продавница, одзел паричници со пари. Кај него биле пронајдени мобилните телефони, како и дел од парите и еден паричник и тие се вратени на сопствениците. Исто така, при прегледот кај него биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена растителна материја, а во извршениот службен разговор кажал дека купил поголема количина дрога од која подоцна им дал на други две лица, со што сторил и кривично дело по член 216 од Кривичниот законик „овозможување на употреба наркотични дроги“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветниподнесоци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати