Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 април 2025
СВР Велес со информација дека при сообраќајни контроли во Кавадарци, кај двајца возачи било измерено дека возеле под дејство на алкохол. Деталите од информацијата на Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
„На 26.04,2025 во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана за управуање на моторно возило од „Б“ категорија“.
„На ден 20.04.2025 во 02 часот на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од с.Росоман, општина Росоман. В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.