Велешанец предизвикал сообраќајка во Скопје, починала 61 годишна жена

Петар Печков

Понеделникот вечер околу 20,05 часот во СВР Скопје  било пријавено дека е случена сообраќајка, кога пик ап  удрил во  тројца пешаци, баба, дедо и внука.

На булевар „Србија“ товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.Т.(40) од Велес удрилo во пешаците В.Т.(61) и тригодишно девојче од Скопје. Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22,45 часот В.Т. им подлегнала на повредите - информираа од СВР Скопје.

На лице место излегла и екипа на ОЈО Скопје. 

Несреќата се случила кога на тројцата пешаци – возрасни маж и жена и нивната 3-годишна внука налетало товарно моторно возило „Пежо Партнер” со велешки регистерски ознаки. Поради сериозноста на повредите, жената и нејзината внука итно беа пренесени во Ургентниот центар. Во текот на ноќта жената починала, додека девојчето се уште се наоѓа во тешка здравствена состојба - информираа од ОЈО Скопје. 

Веднаш по несреќата јавниот обвинител издал наредба за проверка на присуство на алкохол и наркотици во крвта и урината на возачот. Возилото е подигнато од местото на несреќата и предадено на вештачење, а се преземаат и сите неопходни дејствија за утврдување на фактите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата жена ќе се врши обдукција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати