Групна тепачка во Извор, четворица пренесени во велешка болница

Петар Печков

Саботата попладне групна тепачка во Извор, по која четири лица се пренесени во велешка болница.  

„На 13 април  во 17.40 часот полициски службеници од Полициска станица Чашка ги лишиле од слобода С.Ѓ.(60 год), Р.З.(34 год) и В.М.(37 год) сите од Велес, затоа што физички ги нападнале Т.Ј.(54 год), В.Ј., З.Ј. и Н.Ј., сите од село Извор, во дворот од нивниот семеен дом. Според пријавеното, тие при нападот употребиле и тврди предмети. С.Ѓ., Р.З. и В.М. биле приведени во полициска станица“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Од здобиените повреди помош побарале  лекарска помош.  

„Четири лица беа полесно повредени, меѓу нив и една жена која беше под стрес. На сите им беше дадена здравствена нгеа и беа префрлени во велешка болница“ – кажа Василка Пановска началник на Итната помош

За тепачката известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против лицата  ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати