Сообраќајка со една жртва, мајка а нејзиното дете е во животно загрозувачка состојба

Петар Печков

Саботата доцна попладнето, сообраќајна несреќа после наплатна рампа Отовица, кога автомобил удрил во камион, во која има и жртва -мајка и нејзиното  тешко повредено дете. Први на местото на несреќата биле две екипи на Итната помош од Велес.

„Интервенирано е со две екипи и две возила. На сите повредени им е дадена неопходната здравствена помош. Поради тежината на повредите на Ургентен центар во Скопје биле префрлени повредена патничка и дете, кои биле  во лоша здравстена состојба. Со второто возило во болница во Велес пренесени се две деца и возрасно лице“ – соопшти д-р Василка Пановска началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес. 

За сообраќајката во која по неколку часа откако била примена на клиники во Скопје, починала докторка анестезиолог, која имала велешко потекло и таа со нејзиноto тешко повредено дете биле на семeјна прослава во Велес. Детето кое е тешко повредено е на апарати во болница во Скопје. 

„На 6 април  во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(41 год) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(57 год) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39 год) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К.“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Со телесни повреди се здобиле две малолетни деца  сопатнички во возилото „рено меган“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65 год) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес. Од Велешка болница кажаа дека сите три лица по дадената здравствена помош и извршените претраги и снимања, откако се констатирани лесни повреди се пуштени на домашно лекување,.

По овласување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати