Во околината на село Сирково, уапсени три лица кои превезувале исечени дрва за огрев без жиг

Петар Печков

Полицијата во околината на село Сирково, Росоман, неделата вечер,  открила три  лица кои товареле дрва за кои немало доказ дека се сечени со дозвола.  Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 31 март во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58 год), Д.П.(60 год), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65 год) од Кавадарци. При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 фото документација ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати