Шест пожари, во средата во велешко, за едно попладне

Петар Печков

Според билтенот на територијалната противпожарна единица Велес, вчера, среда, во велешко регистрирани биле четири пожари. Во пет случаи горела сува трева а во еден изгорена е стара напуштена куќа.
    
Во  15:09 примена е дојава за запалена стара куќа во село Ветерско. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно противпожарно  возило и  три пожарникари спасители. По пристигнувањe на лице место поради сериозноста на пожарот побарано е помош од уште едно пп возило и двајца пожарникари спасители. Благодарение на брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири на околните куќи.

Останатите пет се пожари каде горела сува трева.   

Во 15:52 примена е дојава за запалена сува трева кај кланица АГРИА. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно  пп возило и пет пожарникари спасители.

Во  15:52 примена е дојава за запалена сува трева над с. Раштани пред с. Бузалково. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно пп возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пристапено е со гасење на пожарот во пожарот учествуваа и мештани со трактори.

Во 15:08 примена е дојава за црн дим во нас. Речани кај пералната. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно  пп возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнувањр на лице место пожарот е изгаснат во кој гореше сува трева.

Во  11:03 примена е дојава за запалена сува трева кај место викано Штипска Рампа во близина на бензиската пумпа на МАК ПЕТРОЛ. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно  пп возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место поради сувата трева и близината на куќите побарано е помош од ТППЕ со 1 пп возило цистерна и 1 пожарникар спасител.
 
За кратко на истата локација е регистиран нов пожар. Во  11:50 примена е дојава за запалена сува трева кај место викано Штипска Рампа во близина на бензиската пумпа на МАК ПЕТРОЛ. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во дворно место на површина околу 500м². Од страна на нашите колеги пожарот е изгаснат. 

Во 17:45 примена е дојава за запалена сува трева и куќи во село Џидимирци. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно пп возило и пет  пожарникари спасители и просторните сили со 1 авто цистерна од 8 тони вода и тројца  вработени.  Шумско стопанство БАБУНА Велес со едно  возило четворица  вработени, СВР Велес со едно  возило и двајца припадници. Попристигнување на лице место пристапено е со гасење на пожарот кој имаше зафатено  две стари куќи  и сува трева.

Неколку дена е регистриран чад, кој дими на локација на планината Јакупица, помеѓу Бабина дупка и изворите на Бабуна, но без оган.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати