Судењето на Мали Репки, причина за полициска опсада на судот

Петар Печков

Судењето на  Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, во криминално подземје познат како Мали Репки, беше причина денес Основен суд Велес да биде под полициска опсада. Бројни специјалци беа распоредени околу зградата, во неа и во судницата, како преветнива за лицето кое уценуваше затворски полицајци, бегаше од затвор и тоа е лице кое е  означено како ризично.  Поради големиот интерес на јавноста, што се случуваше во судот, институцијата излезе со соопштение 

„На рочиштето на денешната главна расправа Претседателот на советот-Судијата кој постапува по предметот, во согласност со принципот на еднаквост на оружјата, донесе решение за определување на психијатриско вештачење со цел да се утврди дали, со оглед на психичката состојба на обвинетиот, тој е способен да го следи текот на главната расправа, така што рочиштето за главната расправа е  одложено за ден 16.10.2025 година“ – соопштија од Основен суд Велес..  

Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, криминално подземје познат како Мали Репки, е  осуден на осум и пол годишна затворска казна за убиство. Во судот во Велес му се суди за поседување на пиштол, за кој немал дозвола, за кривичното дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати