Шест децении матуранти на велешка Гимназија, средба за сеќавање

Петар Печков

Учениците од велешката гимназија, генерација 1965/66 одбележаа 60 години од матурата од Некогашните пет класа и 150 ученици се собраа 30-тина поранешни матуранти.

Средбата беше емотивна, срдечна, исполнета со разговори, сеќавања на едно минато време, на една младост и животните згоди кои се случувале во четири годишниот образовен процес.

Моменти кои остануваат вечно во животописот, на кои со радост и аздоволство се сеќаваат. Се потсетија и  на натамошниот живот.

„Генерацијата слави 60 години од матура. Горда сум и возбудена како кога бев матурантка.  Бевме гордоста и елитата на Велес во тоа време. И не подваливме, од нас се создадоа интелектуално се издигнаа, станаа академски граѓани, други станаа добри мајстори вредни луѓе. Се гордеам што дочекавме пак да се сретнеме“ - кажа Светлана Ќулумова, поранешна матурантка и пензионирана професорка по македонски јазик. 

„Задоволство е што се собравме. Имаме уште многу недоречени работи кои можеме да си ги раскажеме, да се потсетиме. Младоста која ја минавме заедно е еден белег од животот кој не може да се избрише“ – рече пензионираниот  анестезиолог  доктор  Јордан Нојков.  

Класни раководители во генерацијата  биле Ѓорѓи Палашев, Никола Дудевски, Киро Костов, Благој Пренџов.

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати