Петар Печков
Објавено: четврток, 07 мај 2026
Четиринаесетгодишното дете Илија Гигов од Велес, пронајде пред експозитура на банква во центарот на Велес, штедна книшка во која имало и 23 банкноти од по 2.000 денари. Парите и книшката ги пронашло на враќање од школо, ги пријавил кај родителите, кои без размислување ги пријавиле во полиција. По ова набргу завршиле кај сопственикот, кој бил пронајден. Овој негов чин беше денес пофален од СВР Велес, која на Денот на македонската полиција 7 Мај, преку началникот Бране Паласков му додели благодарница.
„Илија Гигов од Велес со своја лична постапка покажа дека најважни одлики во животот на еден човек се чесноста, одговорноста и добрината. Пред неколку денa, овој мал јунак со големо срце одржа лекција како за своите врсници, така и за возрасните. Илија со само 14 години со својата хуманост и добронамерност покажа високо ниво на морални вредности вредни за почит и благодарност. Неговата постапка претставува пример и инспирација за сите нас“ – кажа Паласков.
