Кевица Шопова Клифова со втор мандат за претседател на Општинската организација на Црвен крст Велес

Петар Печков

Кевица Клифова Шопова доби втор мандат, од четири години,за претседател на Општинската организација на Црвен крст Велес. Таа е доктор  специјалист по медицина на труд, во ЈЗУ  Здравствен дом Велес. Ова е одлука на вчера  одржаната  Изборна конститутивна седница на Собранието за мандатен период 2026-2030 година. 

На седницата биле  верификува мандатите на 21 делегат. Од нив присутни на седницата имало 17. Тие ја изгласаа Кевица Шопова Клифова за Претседател на Општинската организација по втор пат. Втор мандат доби и потпретседателот Зоран Ѓорѓиев.

Изборна конститутивна седница се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен крст од Велес. На неа присуствувал и генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија др. Саит Саити.

 фото архива ТрМр

Поврзани »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЈАВЕН ПОВИК
за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од работата на општинските инспекции? (се оценува со училиштни оценки од 1 кон 5)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати