Петар Печков
Објавено: петок, 08 мај 2026
Полицискиот службеник од Полициска станциа Велес, Ристе Апочов доби признание за најдобар полициски служебник на територијата ан СВР Велес.
Таa му беше врачена од Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Апочов работи како дежурен полициски службеник во полициска станица од општа належност Велес.
За одбележување на 7-ми мај – Денот на македонската полиција, беа прогласени најдобрите полициски службеници од осумте сектори за внатрешни работи и четирите регионални центри.
