Шест години затвор и воспитно поправен дом за децата кои нападнаа јапонски туристи

Петар Печков

Шест години затвор за деца и воспитно поправен дом за малолетниците, добија  трите деца од Велес кои пролетва  нападнаа Јапонски туристи. Ова е првостепената судска пресуда која беше изречена во Основен суд Велес.

Трите малолетни лица беа обвинети за сторени кривични дела ,,Разбојништво,, и ,,Одземање на моторно возило,,.  С.У. доби шест години затвор за деца а Б.Д. и С. Ќ. се упатени во Воспитно поправен дом. Настанот   се случи на први мај  околу 15 часот на локалниот пат од село Катланово кон село Брезница.

Напаѓачите откако ги пресретнале јапонските државјани кои со велосипеди се движеле на локалниот пат, физички ги нападнале. Им одзеле три илјади  евра, патни исправи, кредитни картички и еден мобилен телефон „Ајфон“, притоа нанесувајќи им на оштетените тешки телесни повреди.

Претходно истиот ден во Гостивар одзеле патничко возило “Форд мондео“ со гостиварски регистарски таблички, кое што го употребиле неколку часови подоцна во извршувањето на разбојништвото. Тројцата малолетници се  на возраст од 15 до 17 години.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати