Петар Печков
Објавено: недела, 16 ноември 2025
Се одигра 10-тото коло од Третата фудбалска лига Југ, а во дербито на колото, за врвот, реми во Крушево, помеѓу трето пласираниот домаќин ФК Питу Гули и лидерот велешки ФК Борец 1:1. ФК Превалец дома победи со 5:2 над ФК Венец од неготински Долни Дисан, кој беше 6-ти. ФК Башкими од Горно Јаболчиште загуби во Прилеп од ФК Млекар, со 0:2 во дербито на дното. ФК Тополка беше слободна.
По ова коло ФК Борец е прв со 25 бода три повеќе од ФК Превалец а ФК Башкими е 11-ти со 6 бода а ФК Тополка е 12-та со 5 бода од 12 екипи.
Во следното коло ФК Борец е слободен, па ФК Превалец може да го стигне ако победи во дербито на колото кое се игра во Прилеп со ФК Ултрас кој е 4-ти со 19 бода. ФК Башкими игра во Чашка со ФК Дреново кој е последен 13 со еден бод и шанса за победа, додека ФК Тополка игра во Превалец со ФК Младост од прилепско Кривогаштани која е 8-мо пласирана со 12 бода.
