Петар Печков
Објавено: недела, 26 октомври 2025
На кејот на реката Вардар низ Велес се одржа Куп натпревар „Бабуна 2025“ година. На него учествуваа 16 екипи од Македонија и една од Србија – од Ниш.
Учесниците се натпреваруваа во лов на риба на пливка. Истата по завршувањето на натпреварот беше вратена во реката . Организатор беше ЗСР Бабуна од Велес.
Екипно победник е Кркушка Велес, втор е Вардар од Скопје а трет Металург од Велес. Поединечно прв е Хамдија Хот од Мрена Градско, Антонио Бошковски од Мак –дом Куманово а трет Тони Гоговчевски од Вардар Скопје .. Организатор беше ЗСР Бабуна од Велес.
