Петар Печков
Објавено: сабота, 01 ноември 2025
Велешанецот Ангел Петрушев се најде на листата на спортисти кои Македонскиот Олиписки Комитет (МОК) финансиски ќе ги помага во наредиот период се до Олимписките игри во Лос Анѓелес 2028 година. Тој ќе добива по 1.200 американски долари месечно. Тоа ќе биде голем придонес во подготовките на Петрушев за пласман и настап на ЛОИ во САД. За јавноста кајак на диви води слалом е олимписки спорт, за разлика од кајак на диви води -спринт.
„Управниот одбор едногласно ги усвои и предлозите за новите Олимписки стипендии за ОИ Лос Анџелес 2028. Одобрени беа девет стипендии, со вкупен месечен износ од 9.000 американски долари, кои ќе се исплаќаат директно на спортистите. По завршувањето на седницата, беа и свечено потпишани договорите со стипендистите“ – соопштија од МОК.
Стипендисти за ОИ Лос Анџелес 2028 се:
Дејан Георгиевски (1.600 УСД) - Таеквондо
Мила Рељиќ (1.600 УСД) - Таеквондо
Дарио Ивановски (1.200 УСД) - Атлетика
Ангел Петрушев (1.200 УСД) - Кајак
Анастасија Мојсовска (800 УСД) – Спортско стрелаштво
Магомедгаџи Нуров (800 УСД) - Борење
Владимир Егоров (800 УСД) - Борење
Душица Бреслиева (600 УСД) - Таеквондо
Никола Ѓуретановиќ (400 УСД) - Пливање
