Петар Печков
Објавено: недела, 02 ноември 2025
Општинското дерби за екипата на ФК Младост, која го победи лидерот ФК Врановци во гости, во натпревар со дожд од голови.Ниту водството од 2:0 за домаќините не било доволно за победа, па гостите поведоа со три гола по ред 2:3, домашните израмниле а победата на ФК Младост е реализирана во 74 минута со голот на Бочваров. Со хет трик на Зоран Ангелов ФК Раштани забележа победа од 3:0
Во петотто коло на Општинската фудбалска лига играа и постигнати се следните резултати:
ФК Врановци – ФК Младост (дерби) 3:4
ФК Форца нова – ФК Горски 4:1
ФК Раштани – ФК Локомотива 3:0
Слободна беше екипата на ФК Согле
Т А Б Е Л А
1. ФК ВРАНОВЦИ 5 4 0 1 16:6 12
2. ФК МЛАДОСТ 4 4 0 0 15:6 12
3. ФК СОГЛЕ 4 3 0 1 8:5 9
4. ФК ФОРЦА НОВА 4 3 0 2 11:8 6
5. ФК ЛОКОМОТИВА 4 1 0 3 6:15 3
6. ФК РАШТАНИ 4 1 0 3 5:12 3
7. ФК ГОРСКИ 4 0 0 4 4:9 0
Во шестото коло следниот викенд играат:
ФК Горски-ФК Раштани
ФК Младост – ФК Форца нова
ФК Согле – ФК Врановци
Слободна е екипата на Локомотива
