Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 јуни 2025
Се одигра квалифаикациониот натпревар на Купот на Македонија ,за подрачјето на ОФС Велес. Играа победникот ФК Горски и третолигашот ФК Башкими од Горно Јаболчиште. Се играше на теренот во населба Чашка. Победи третолигашот, иако освојувачот на општинскиот Куп, ФК Горски, поведе со 0:1, условно домаќините, дадоа три гола и славеа. Тие треба да играат со некој од останатите два третолигаши од Велес, ФК Превалец или ФК Борец, в среда. Победникот игра со екипата на ФК Пепелиште сабота на теренот во Росоман во 17 ч. Победникот од таа средба игра во 1/16 на фудбалскиот Куп на Македонија.
Се одигра последното 18 коло од општинската фудбалска лига, каде уште тпред три кола првак е ФК Тополка. Тие од есен треба да играат во Трета лига Југ заедно со ФК Превалец, ФК Борец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште. На теренот во Чашка, ФК Врановци го победи ФК Бузалкова со 5:0, додека заостанатиот натпревар од пред три кола ФК Младост – ФК Форца нова не се одигра, откако фудбалерите на ФК Форца нова не се појавиле не тернеот, па го доби ФК Младост со служебни 3:0. А бидејќи ова е втор натпревар на ФК Форец нова, тие се исклучени од лигата. Со тоа натпреврот кој требаше да го играат в среда со ФК Горски, го губат со 3:0.
ТАБЕЛА
1. ФК Тополка 13 10 1 2 29:12 31
2. ФК Горски 13 8 3 2 31:20 27
3. ФК Локомотива 13 8 0 5 40:26 24
4. ФК Врановци 12 5 3 4 28:27 18
5. ФК Младост 13 5 1 7 22:24 16
7. ФК Бузалкова 12 2 1 8 14:36 7
Се одигра петото коло од лигата на ветерани на ОФМ, се играше во салата на ОУ Блаже Конески во Велес. Велешките ветерани ОК Борец победија со 2:0 над составот на Гевгелија. Гевгеличани играа и со ОК Шкендија, победија тетовци со 0:2 а во третиот натпревар ОК Тетово во израмнета средба го победи составот на ОК Скопје со 2:1. По пет кола, велешани имаат три победи и еден пораз. Првенството на ветерани продолжува на есен. Прв победник лани беа ветераните на Борец.