Петар Печков
Објавено: вторник, 26 мај 2026
Во ОУ „Блаже Конески“ во Велес, во организација на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Отсекот за превенција при СВР Велес, беше реализирана едукативна активност со учениците.
При тоа биле запознаени со професијата полициски службеник, а особено со работата на сообраќајната полиција и сообраќајните правила за малите пешаци.
Исто така, децата имале можност да видат дел од техничките средства, опремата и возилата што полициските службеници ги користат во секојдневното полициско постапување.
фото МВР
