Петар Печков
Објавено: четврток, 23 октомври 2025
Фудбалерите на Борец со сигурна победа во гости се зацврстија на првото место, ФК Превалец забележа нова убедлива победа за второ место а локалното дерби помеѓу ФК Башкими и ФК Тополка без победник.
ФК Борец победи во Прилеп над ФК Ултрас со 2:5. Домашинот тим од средината на табелата бил лесно совладан од најстариот велешки лигаш. Со 15 бода ФК Борец е на првото место по шест кола. ФК Превалец дома со убедливи 6:1 го победи ФК Росоман кој беше високо пласиран. Со овие нови три бода превалчани се втори на табелата со 13 бода и натпревар помалку. Во Чашка ФК Башкими и ФК Тополка одиграа нерешно без голови 0:0. ФК Башкими од Горно Јаболчиште е 8-ми со 6 бода а ФК Тополка е 11 со два.
Во следното 7 коло во дербито на днотоп ФК Тополка го пречекува ФК Дреново кој е пертпоследен 13 со еден бод, во Велес на Градски локланото дерби ФК Борец – ФК Башкими а ФК Превалец гостува во Круишевски Пресил, на ФК Влазними јуниор кој има ист број бодови 13 и е 4-ти.
Започна новото првенство од Првата кошаркарска лига. На гостувањето во Штип, КК Борец баскет е убедливо совладан од КК Соколи со 90:71. Во следното второ коло, сабота велешани повгторно гостуваат, овој пат во Струмица на истоимениот клуб.
фото:ФБ ФК Тополка
