Петар Печков
Објавено: сабота, 18 октомври 2025
Одбојкарите на Борец ветерани ќе ја бранат титулата првак на лигата, која ја освоија лани. Тие со денешната победа од 2:0 (17;17) над амбициозната екипа на ОК Скопје се пласираа во финалето.
Полуфиналната средба мина во знак на велешани, на Тодор Стојанов и Благој Гинов, кои беа нерешливи за гостите. Натпреварот се играше во спортската сала на ОУ Блаже Конески.
ОК Борец ветерани како второпласирани играа против третопласираниот ОК Скопје а вториот натпревар помеѓу првопласираниот и четвртопласираниот ОК Тетово и ОК Шкендија, ветерани ќе се игра в среда во Тетово.
Наредниот викенд таму ќе се игра и финалето. За потсетување лански првак се ветераните на ОК Борец. Лигата се игра во рамките на натпреварите на Одбојкарската федерација на Македонија.