Петар Печков
Објавено: вторник, 04 ноември 2025
Со убедливи 5:1 амбициозниот тим на домаќинот КМФ Кеги моби победи во второто коло на Првата футсал лига, на домашен терен. Вчеравечер во салата Гемиџии славеа над составот на КМФ Осогово од Крива Паланка со 5:1.
Така велешани по две кола се први со максимален број бодови, шест. Во следното коло гостуваат во Штип на КМФ Мал Ајакас, кој е претпоследен без бодови со два порази. Првата лига во футсал брои 10 екипи.
