Три премиери во Киноверзум Велес, романтична драма, хорор и анимиран

Петар Печков

Четири филма на репертоарот на Киноверзум Велес, три се премиери. Романичниот „Мошне смело, убаво патување“   е замислена  приказна за двајца странци и неверојатното патување што ги поврзува. 

Хоророт „Легедна“ е исто так премиера. Млад спортист запаѓа во свет на ужас кога е поканет да тренира со легендарен шампион чија харизма се претвора во нешто потемно. 

Трета премиера е анимираниот „Ози-гласот на шумата“.  Ова е приказната за Ози, сираче орангутан која ги користи своите влијателни вештини за да ја спаси својата шума и дом од уништување на шумите. 

Трета недела на репертоарот е хоророт „Повикување 4, последни обреди“, најгледан филм во светот две седмици наназад. Најстрашната истрага на Воренови досега, снимен според вистински настан.  Мислеа дека е завршено... сè додека не беа свикани Последните Обреди.  Филмот ве нурнува длабоко во темнина, каде што претците клетви, демонски сили и незамисливи ужаси се кријат веднаш зад завесата. Истражителите на паранормални појави, Ед и Лорејн Ворен, се справуваат со уште еден последен застрашувачки случај во кој се вклучени мистериозни суштества со кои мора да се соочат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати