Петар Печков
Објавено: четврток, 09 октомври 2025
Наредните седум дена, три филма, сите три премиери, ќе се прикажуваат во Киноверзум Велес, четврток, вторник и среда. Поради Питијадата останатите денови киното нема да прикажува филмови.
Заедно со светската премиера и во Велес, блокбастерот „Трон Арес“. По култниот оригинал од 1982 година и визуелно фантастичното продолжение Трон: Наследство (2010), на големото платно Дизни го носи третото и најсмело поглавје на сагата за дигиталната вселена. Напредната програма Арес за првпат преоѓа од виртуелниот свет во реалноста и станува предвесник на неочекуваната средба на човештвото со вештачката интелигенција. Трон: Арес е спој на револуционерен дизајн и незаборавна филмска музика, нова генерација на технологија и приказна што ја истражува тенката граница помеѓу дигиталното и стварното. Подгответе се за адреналинско возење низ световите што се судираат!
Српскиот трилер „Седеф магла“ работен според истоимениот роман. 1882 година. Јелена Илка Марковиќ се обидела да го убие кралот Милан Обреновиќ во катедралата. Таа била осудена на 20 години затвор и набргу потоа била пронајдена мртва во нејзината затворска ќелија - официјалната верзија е дека се обесил со крпа на креветот. Трагите укажуваат дека самоубиството не било можно.Седум години подоцна, истиот ден, биле пронајдени две тела - на бреговите на Сава, Алас го пронашол телото на убиено девојче, а во шумата Топчидер, телото на правнукот на принцот Милош. Се открива дека обете убиства се поврзани со атентатот во катедралата. По долго време, тој случај бил повторно отворен. Неуспешен адвокат и шефот на белградската полиција ја истражуваат нејзината смрт, секој од свои причини, но во случајот на г-ѓа Марковиќ, вистината не носи ништо добро...
Премиера и за германскиот анаимиран филм, синхорнизиран на македонски. Тафити, млад меркат, првично го отфрла пријателството со Брислс, грмушесто прасе. Кога неговиот дедо е каснат од змија, Тафити тргнува да го пронајде цветот за лекот. Брислс сака да докаже дека авантурите се секогаш подобри со пријатели.