Премиера на комедијата „Мало невино убиство“ во велешки театар

Петар Печков

Утревечер, четврток на сцената на Велешки театар Јордан Хаџи Константинов Џинот премиерно ќе биде прикажана претставата „Мало невино убиство“ работена по текст на современиот француски автор Жан Пјер Мартинез  а во режија Деан Дамјановски. Тој ја најавува како црна комедија.

„Авторот пишува текстови кои се на работ на франдуска фарса и театар на апсурдот. Разработува секојдневни теми од специфичен агол, на начин пристапен за современата публика. Во претставата има ситуација на убиство, од која израснуваат многу, многу други ситуациии, кои создаваат слика на комичен и апсурден хаос“ – кажа режисерот Дамјановски. 

Мартинез не се работи прв пат во велешки театар, во време на ковид пандемиајта преку интернет беше работен театарскиот експеримент „Тој и таа“. Има напишано преку стотина текстови. 

Во претставата настапуваат Васил Зафичев кој игра писател, неговата сопруга ја толкува  Кети Борисовска и Талија Настова како семејна пријателка. 

„Станува збор за исклучително интелегентна комедија, работена по француски терк. Изобилува со многу фарсични и апсурдни моменти.“ – рече Зафирчев.
Публиката за претставата е на големата сцена на велешки театар. Првата реприза е веќе  в петок и потоа понеделник. 

Сцеографија и костимите се на Филип Коруновски, изборот на музика е на режисерот Дамјановски.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати