Спасен овчар која со овците се нашол на остров пред надојдeната Црна река

Петар Печков

Саботата попладне и вечер се одвивала драма по животот на овчар од радовишко, кој се прибирал со стадото овци и се нашол на остров откако реката Црна ненадејно надошла. Во неговото спасување учествувале Центарот за управување со кризи. 

„На  Единствениот број за итни случаи 112  во 17:32 часот доби информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под село  Манастирец во Општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на ХЕЦ Тиквеш“ – соопштија од ЦУК. 

Тие реагирале до АД ЕЛЕМ, па   водата од страна на Брана Тиквеш била времено запрена во 18.00 часот, при што овчарот чекал нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. ЦУК континуирано бил во  комуницикација со овчарот.

„При контактот во 20.19 часот  лицето извести дека водата, не само што не се намалува, туку дека нејзиното ниво се зголемува. На тоа веднаш ЦУК реагираше до АД „ЕЛЕМ“, коишто известија дека при извршување на смената не си ја пренеле информацијата дека случајот не е завршен, па повторно ја пуштиле водата. Во 20.25 од страна на АД ЕЛЕМ веднаш беше запрена водата од браната“ – додаваат од ЦУК. 

За да се намали нивото на водата било потребно три до четири часа. На лице место била испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци.  После  22.10 часот, кога доволно се намалил водостојот, заглавениот овчар со стотина овци среде Црна Река на мало островче, поминал на брегот и е веќе на безбедно место. Биле спасени и тој и овците. 

За настанот информираа од СВР Велес.

фото архива ТрМр

„На 20 април, сабота во 17.30 часот во ОВР Кавадарци, Г.Ц.(49 год) од село Габревци, општина Конче, пријавил дека, додека го напасувал стадото овци по речното корито на река Црна Река во близина на село Манастирец, кавадаречко, надошла реката и му го ограничила движењето и заедно со овците останал на копно обиколен со вода“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати